Медиасет
Холандскиот огранок на „Луј Витон“ казнет со 500.000 евра
Холандското јавно обвинителство го казни огранокот на Луј Витон со 500.000 евра поради непочитување на барањата за финансиска контрола и спречување перење пари во своите продавници во Холандија.Луксузниот бренд не презел доволно мерки за да спречи перење големи суми пари стекнати од криминални активности, соопшти обвинителството.Со прифаќањето на казната е избегнато покренување судска постапка, наведе холандското обвинителство, додавајќи дека судот во Ротердам нема капацитет да го води предметот.Истрагата се однесува на случај со три осомничени лица, меѓу кои и 36-годишна жена од Лелистад, која се товари за перење повеќе од два милиона евра во готовина во периодот од август 2021 до февруари 2023 година. Според истрагата, таа купувала скапи чанти и други луксузни производи, а потоа ги испраќала во Кина за препродажба. Парите, според обвинителството, потекнувале од осуден банкар.Во предметот се опфатени уште две лица – кинеска државјанка која наводно помагала во реализацијата на купувањата и поранешен продавач на „Луј Витон“, кој, според обвинителството, ја известувал осомничената за пристигнување на нови модели и ја предупредувал кога троши преголеми суми готовина.Обвинителството наведува дека компанијата не ја применувала соодветно законската обврска „познај го својот клиент“ (Know Your Customer), која наложува претпријатијата да ги следат и пријавуваат сомнителните трансакции со цел спречување перење пари и финансирање тероризам.До 1 јануари 2026 година прагот за пријавување невообичаени готовински трансакции изнесувал 10.000 евра, а сега е намален на 3.000 евра.Постапката против тројцата осомничени сè уште е во тек, а датумот за почеток на судењето засега не е утврден.