Медиасет.мк

#ФОКУС

Хуманост на дело: Доктор Мирослав донираше крвна плазма за пациентот од Ресен

Деновиве на социјалните мрежи вирално се рашири објава со апел за донација на конвалесцентна плазма за 40-годишен пациент од Ресен, хоспитализиран заради ковид-19. Д-р Мирослав Бошковски денеска донираше крвна плазма за да го спаси неговиот живот.

„Кога видов дека се бара моја крвна група, Б позитив, веднаш телефонски контактирав со Институт за трансфузиона медицина. Во рок од 24 часа ги направивме сите тестови, анализи, вклучително и оние со кои се гледа дали имам доволно протеини, хемоглобин и количество на антитела. Се надевам искрено дека ќе помогнам. Откако донирав плазма, се чувствував исполнето и среќно, имав чувство дека сум направил добро дело. Тоа, нема цена, сознанието дека си помогнал за да спасиш нечиј живот. И покрај тоа што тоа ни е секојдневна обврска на нас лекарите, сепак чувството овој пат беше посебно“, вели д-р Бошковски од Куманово, 35-годишен матичен лекар и специјализант по интерна медицина.
Со ова испраќаме и порака до сите оние кои се излечиле од корона вирусот, да се охрабрат и да помогнат да се спаси нечиј живот.

Министерот Венко Филипче ја објави веста за доктор Мирослав и упати апел до сите излекувани од коронавирусот да се охрабрат и да помогнат да се спаси нечиј живот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: