Медиасет.мк

#ТРЕНД

И на 51 година изгледа неверојатно – Џенифер Анистон го покажа своето совршено тело

Американската актерка Џенифер Анистон (51) ја покажа својата совршена фигура, затегнатото тело и неверојатниот изглед од кој сите останаа подзинати.

Имено, Џенифер се фотографираше за новата кампања на компанијата „Vital Proteins“ во спортски топ и хеланки.

Иако е во педесеттите години Џенифер изгледа барем 15 години помладо. Таа сега е посветена на промоцијата на здрав живот – тренинзите и здравата исхрана.

Таа неодамна стана заштитно лице на познатиот бренд и покажа неколку јога потези кои секојдневно ги применува со цел да го одржи своето тело во кондиција.

– Толку сум возбудена што конечно објавувам дека им се придружувам на витал протеините како главен креативен директор, започна Анистон во описот на една фотографија.

– Пред неколку години започнав да ги користам овие витамини, а сега имам прилика да бидам дел од овој бренд на подобар начин, па токму затоа веднаш ја прифатив понудата. Отсекогаш бев заговорник на велнесот и многу сум среќна што можам да споделам со сите колку е важен колагенот. Нашата сила започнува одвнатре, па токму затоа избрав добра исхрана и вистински суплементи за почетокот на својот ден, напиша таа.

Трендинг

На почеток
error: