#ФОКУС
Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски во Софија бил приведен по пријава за семејно насилство
Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдија полициски извори за Бугарското национално радио, јави дописникот на МИА од Софија.
За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.
Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница.
фото: А1