Медиасет.мк

#ТРЕНД

Илон Маск му даде ново име на синот

Милијардерот Илон Маск и неговата партнерка пејачката Грајмс, мораа да го сменат името на својот новороден син, зашто законот во Калифорнија не дозволува употреба на симболи во имињата, туку само буквите од англиската азбука. Двојката го доби првото дете овој месец, а на момчето му дадоа крајно необично име.

Грајмс сега на „Инстаграм“ објави дека досегашното име X Æ A-12 е променето во X Æ A-Xii.

Римските бројки изгледаат подобро, да бидеме искрени“, напиша канадската пејачка.

Маск има пет деца од претходниот брак, кои имаат обични имиња – Грифин, Ксевиер, Дамијан, Саксон и Кај. Тој кажа дека Грајмс е заслужна за креативното име на бебето.

Таа е одлична кога станува збор за имиња“, изјави Маск.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: