Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Ништо не е случајно: Самите ги привлекуваме луѓето и настаните во животот

Постојат три вечни универзални закони кои треба јасно да се разберат за да можеме промислено, делотворно и задоволувачки да ги применуваме во својот физички израз на животот.

Законот на привлекување е првиот закон – ако не го разбирате и не сте во состојба делотворно да го применувате, тогаш не можете да го применувате вториот закон – вештината на промисленото создавање, ниту пак третиот – умешноста на дозволувањето. За да можете да го разберете и применувате вториот закон, морате прво да го разберете и да го применувате првиот закон. А морате да го разберете и применувате вториот закон, како би можеле да го разберете и применувате третиот закон.

Првиот закон, законот на привлекување е следниот:

Сличностите се привлекуваат

Иако ова можеби звучи едноставно, оваа изјава го дефинира најмоќниот закон во универзумот – закон кој влијае на сите, во секој момент. Не постои ништо што не е под влијание на овој моќен закон.

Вториот закон, вештината на промисленото создавање  гласи вака:

Вистина е се она за што размислувам, во коешто верувам или коешто го очекувам

Накратко, го добивате се она за кое размислувате, го сакале тоа или не. Промислената примена на размислуваето е всушност јадрото на вештината на промисленото создавање, затоа што ако не ги разбирате овие закони и не ги применувате промислено, сосема е можно да ги создавате во автоматизам.

Третиот закон, умешноста на дозволувањето гласи:

Јас сум она што сум и подготвен сум да им дозволам на другите да бидат тоа што се

Кога сте подготвени да им дозволите на другите да бидат онакви какви што се, дури и кога тие не ви го дозволуваат тоа, тогаш може да се каже дека вие сте тие кои дозволуваат, но тешко дека ќе стигнете до оваа фаза доколку прво не разберете како го добивате тоа што го добивате.

Дури кога ќе разберете дека другите не можат да бидат дел од вашето искуство доколку преку своето размислување не ги повикате во него, како и дека околностите не можат да бидат дел од вашето искуство, доколку преку своето размислување не ги поканите во него, дури тогаш ќе бидете оние кои дозволуваат, онакви какви што сте и какви сакате да бидете тогаш кога сте дошле во овој животен израз.

Разбирањето на овие три моќни универзални закони и нивната промислена примена ќе ве донесе до радосната слобода која е резултат на фактот дека сте во состојба да го создавате сопственото животно искуство, баш онакво какво што го сакате.

Во моментот кога ќе сфатите вие самите ги повикувате луѓето, околностите и настаните во вашето искуство и тоа преку своето размислување, ќе почнете да живеете живот каков што секогаш сте сакале да живеете.

И така, разбирањето на моќниот Закон на привлекување, заедно со намерата промислено да го создавате своето животно искуство ќе доведе до неспоредлива слобода, онаа која може да се создаде само од потполно разбирање и примена на умешноста на дозволувањето.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: