Connect with us

#ЖИВОТ

Имате ли страв од работа?

Ергофобија е нерационален или неоснован страв од работа или од одговорност. Може да се однесува и на стравот од неуспех на работа и неможноста да се работи заедно со други луѓе. Оваа фобија лесно се препознава со промените во телото за време на работа, а се третира и со психотерапија.

Што е ергофобија? Овој страв се одликува со чувства на вознемиреност што се јавува при одење на работа, како и при извршување задачи на работното место, пишува порталот „Н1“.

Оваа фобија, исто така, може да биде комбинација од неколку фактори и стравови поврзани со работната средина. Еден човек, на пример, може да има страв од неуспех, од претпоставен, од зборување пред група луѓе, страв од комуникација со колегите, страв од мобинг. Оваа фобија води до тоа лицето да не може нормално да ги извршува секојдневните задачи.

Точната причина за оваа болест не е утврдена. Може да има неколку фактори од минатото кои во сегашноста предизвикуваат проблеми. Можеби станува збор за постојан проблем на работното место, што доведува до ергофобија, но и траума во детството, каде што личноста, на пример, морала да работи напорно, и како резултат на тоа, постои проблематичен однос кон работата.

Како да препознаете ергофобија?

Ергофобија може да се појави преку голем број физички и психолошки симптоми кои различно се манифестираат кај секоја личност. Лицето со оваа фобија може да развие вознемиреност и нервоза уште при самото размислување за своето работно место, а на работа може да се појават и физички симптоми, како што се забрзано чукање на срцето, прекумерно потење, сува уста и напади на паника.

Некои луѓе може да имаат секојдневни напади на паника, што потоа бара дури и згрижување в болница. Исто така, одредени луѓе може да се чувствуваат неспособни да ја вршат својата работа поради нивниот страв, па тоа да се развие и во депресија.

Значи, својствата на ергофобија се: вознемиреност на работното место, прекумерно потење, напади на паника, поголема и почеста потреба за одмор.

Како се третира ергофобија?

Исто како и сите други фобии, и ергофобијата се третира со психотерапија, при што когнитивно-бихејвиоралната терапија има најдобар ефект, но и терапија со експозиција каде пациентот се приближува до својата фобија, па стравот од работното место постепено се намалува.

Покрај терапијата, може да помогнат и медитацијата, јогата, вежбањето и разните техники на дишење коишто се користат во стресни ситуации. Така, ергофобија е неоснован страв од работното место и сѐ што е поврзано со работата. Во екстремни случаи, важно е да се побара помош од професионалец, така што оваа фобија да не влијае на вашиот живот.

#ЖИВОТ

Буре вино на аукција во Франција продадено за 800.000 евра

Буре вино „Corton Renardes Grand Cru“ од гроздоберот од 2021 година, е продадено на хуманитарна аукција – за 800.000 евра. Ова е рекорд во наддавањата, според аукциската куќа „Сотби“.

Дел од приходите ќе ѝ бидат подарени на Националната федерација за солидарност со жените, а дел – на Институтот „Кири“. Првата организација се бори против насилството врз жените, а втората спонзорира медицински истражувања за борба против ракот на дојката. Организаторите на наддавањето потсетија дека ова е најстарата хуманитарна аукција на вино во светот. Основана е 1859 година и речиси секоја година се нудат над 500 видови вино. На 161-то наддавање годинава, поради неповолните временски услови, винарите учествуваа со само 349 буриња, додека лани бројката достигна 630 буриња.

„Нов рекорд на аукцијата за ’Претседателското буре‘ (приходите ќе одат во добротворни цели) – одбраното вино беше продадено за 800.000 евра по 15-минутна битка на наддавањето“, објави аукциската куќа на Твитер.

Уникатноста на серијата лежи во тоа што виното се точи во специјално буре од бургундиски даб од највисок квалитет, со волумен од 228 литри, дизајнирано од мајсторот Франсоа Фрер. Во 2020 година „Претседателското буре“ беше продадено за 780.000 евра.

Continue Reading

#ЖИВОТ

Астрологија: 30 ноември е најнесреќниот ден во годинава

Астролози велат дека овој турбулентен 30 ноември речиси на никого нема да му донесе пријатни нешта. Доколку владее чувство дека ништо не оди на добро, вината е во влијанието на планетите, пишува „Мондо“.

Емоциите ќе се загреат до крајност – овој 30 ноември е најопасниот ден оваа година и затоа е многу важно да се контролирате за да не правите некои „глупости“ кои, според наводите, скапо ќе Ве чинат во иднина. Ноември се покажа како тежок месец. На крајот на есента секогаш има многу работа, но оваа година и ѕвездите се потрудиле да го отежнат животот на сите. Така, последниов ден од месецот се покажа како најопасен оваа година.

Подгответе се за внатрешни бури. Негативните чувства ќе бидат пренагласени на сите полиња. Сè што порано Ве мачело, а што сте „го заборавиле“ – повторно ќе дојде до израз. Не се исклучени ниту нови судири. Астролошките совети гласат – не размислувајте за минатото, живејте во сегашноста и обидете се да ги контролирате своите емоции. Исто така, деновиве е подобро да се биде внимателен и со туѓинците. Може некој да биде измамен, па затоа треба ушите и очите да се чуваат отворени.

Ова е многу незгоден период, велат астролозите, бидејќи „една искра е доволна за сѐ да избувне во пожар“. Внимавајте на зборовите, за да не бидете погрешно протолкувани. Сè што правите, правете го со дополнителна грижа.

Но, и покрај негативноста овој период и мислите дека ќе се случат лоши работи, според познавачите, ако се размислува „на добро и ширење љубов“, ќе се ублажи сѐ она што овој ден го носи со себе.

Continue Reading

#ЖИВОТ

НАСА ја планира во февруари првата мисија од програмата за враќање на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека планира да ја започне својата мисија „Артемида еден“ во февруари. Тоа го означува почетокот на американската програма за враќање на мисии на Месечината.

Мисијата првично беше планирана да биде до крајот на оваа година. Тоа ќе го означи вистинското лансирање на програмата Артемис со која САД планираат да носат луѓе на Месечината, вклучувајќи ја и првата жена.

Првиот лет ќе биде без астронаути на леталото, новата голема ракета на НАСА наречена SLS треба да ја однесе капсулата Орион до Месечината и да се врати на Земјата.

– Можноста за лансирање во февруари се отвора на 12., а нашата последна шанса во февруари е 27 февруари, изјави на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата. 

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: