#КОРОНАВИРУС
Инфектолог од Скопје: Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами
Првиот човек на одделот за инфектологија при ГОБ „8 септември“, Патриција Каламарас, гневна на случувањата на кои сите сме сведоци, одлучи да испрати силна порака до тие кои не веруваат дека постои коронавирус, со тоа, не ги почитуваат мерките и во државата има се повеќе заболени. Таа објаснува дека медицинарите се одрекле од фалимилиите и нормалниот живот за да лекуваат заболени, а одредни лица се обидуваат да го уништат нејзиниот труд.
„Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека со вашите теории на заговор 5Г и политички препукувања ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас? Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети? Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас? Уште колку време треба да помине за.да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта? Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас? Дали сте свесни дека здраствениот персонал е на работ на силите? Ќе се лечите сами? А лекови? Заштитна опрема? Медицински персонал? Почна да се разболува персоналот. А зошто? Затоа што вирусот не постои?“, напиша Каламарас.
Таа изрази благодарност до медицинскиот персонал и оние кои го почитуваат.
„Ете со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами,“ додаде Каламарас.