Медиасет

Инстаграм демантира хакерски напад, тврди дека корисничките профили не се загрозени

Објавено на

Компанијата Инстаграм соопшти дека не дошло до нарушување на безбедноста на податоците, откако изминатите денови голем број корисници се пожалија дека добиваат неочекувани имејлови со барања за ресетирање на лозинката.Загриженоста дополнително се зголеми по објави од одредени безбедносни компании, кои тврдеа дека податоци од милиони Инстаграм-профили се појавиле на продажба на дарк веб. Според тие наводи, компромитирани наводно биле кориснички имиња, имејл-адреси и телефонски броеви.Корисници ширум светот добиваа вакви имејлови од Инстаграм, што предизвика сомнежи дека станува збор за масовен хакерски напад.Сепак, од Инстаграм наведуваат дека спровеле внатрешна истрага и утврдиле дека не дошло до пробивање на системите. Како што соопшти компанијата, проблемот настанал поради техничка грешка која им овозможила на надворешни актери да иницираат испраќање имејлови за ресетирање лозинка, иако самите профили не биле компромитирани.„Го идентификувавме и го отстранивме проблемот. Нема докази дека корисничките податоци се загрозени“, соопштија од Инстаграм.Од компанијата им советуваат на корисниците да ги игнорираат имејловите за промена на лозинка доколку самите не поднеле такво барање, и се извинија за предизвиканата конфузија и непријатност.

Трендинг

Exit mobile version