Медиасет
Инвестиција вредна 111 милијарди долари: Министерството за правда на САД го одобри спојувањето на компаниите Paramount и Warner Bros
Американското Министерство за правда даде зелено светло за спојување на компаниите Paramount и Warner Bros. Discovery, и покрај големото противење од дел од филмската и телевизиската индустрија.Преговорите за иднината на студиото Warner Bros траеја во последните месеци, а во еден момент се сметаше дека Netflix е главен кандидат за преземање.Меѓутоа, таа компанија во февруари се повлече од преговорите, со што беше отворен пат Paramount Skydance да го преземе големото студио.Во април акционерите на Warner Bros. Discovery го одобрија преземањето вредно 111 милијарди долари, со кое Paramount Skydance, со поддршка на технолошкиот милијардер Лери Елисон и неговиот син Дејвид, ќе ја преземе контролата над сите брендови и канали на Warner Bros., вклучувајќи ги франшизите Harry Potter, Game of Thrones, мрежите HBO и CNN, DC Universe, како и The Lord of the Rings.Сега Антимонополскиот оддел на Министерството за правда формално го одобри договорот.„Одделот ја заврши анализата на предложеното спојување на Paramount и Warner Bros и, врз основа на доказите собрани за време на истрагата, заклучи дека трансакцијата најверојатно нема да нанесе штета на конкуренцијата ниту на американските потрошувачи“, се наведува во соопштението.Министерството оцени дека спојувањето нема негативно да влијае врз конкуренцијата во областите на стриминг, телевизиско емитување, филмска продукција и кино дистрибуција.Сепак, стотици познати личности од светот на забавата ја оспорија таквата проценка.Порано оваа година, голем број холивудски актери, режисери и продуценти потпишаа отворено писмо во кое предупредуваат дека спојувањето може да доведе до губење на работни места, зголемување на цените за потрошувачите и намалување на бројот на нови проекти во развој.Писмото го потпишале повеќе од 4.000 луѓе, вклучувајќи над 75 добитници и номинирани за Оскар. Меѓу нив се Роберт Де Ниро, Бен Стилер, Марк Руфало, Педро Паскал, Едвард Нортон, Кристен Стјуарт, Дејвид Финчер, Денис Вилнев, Џејн Фонда…