Австрискиот програмер Феликс Краусе направи апликација која може секoja секунда да го слика корисникот без негово знаење и да ги испраќа натаму тие слики.
Кога некоја апликација сака да пристапи до камерата, корисникот мора да и дозволи, а истата работа се случува и кога апликацијата сака да пристапи кон вашата галерија и локација.
Краусе откри дека апликацијата може да сними и видео и фотографии секогаш кога ќе се отвори. Додека на компјутерот имате зелено светло како знак дека снима, таквиот индикатор на телефонот нема.
Краусе вели дека ова не е пропуст, тука апликацијата навистина е така дизајнирана, но некој со лоши намери би можел тоа да го искористи.
Тој тоа го демонстрираше со апликација која секоја секунда го снима оној кој го користи телефонот, а притоа и правела препознавање на лицето за да ја препознае личноста која го користи уредот.