На социјалните мрежи се појави едноставен домашен трик кој ја олеснува борбата со изгужваната облека по перењето и сушењето.Според советите што ги споделуваат корисниците, доволно е во барабанот на машината за алишта да ставите изгужвана облека и да додадете една шолја коцки мраз.Потоа пуштете програма на висока температура.Како што мразот се топи, се создава пареа која помага ткаенината да се опушти и да се намалат наборите на облеката.Овој трик особено се препорачува кога алиштата предолго останале во сушарата или дополнително се изгужвале, па може да послужи како брзо решение без пеглање или дополнителни средства.Корисниците кои го испробале тврдат дека дава добри резултати и дека облеката по циклусот изгледа поуредно и помазно.
