Ако секое утро ви претставува мака станувањето рано за на работа, можеби причината не е во мрзеливоста, туку во вашиот природен биолошки ритам.
Човечкиот организам има внатрешен биолошки часовник кој ги регулира спиењето, будноста и нивото на енергија во текот на денот. Кога мораме да стануваме порано отколку што му одговара на нашето тело, може да се појават замор, намалена концентрација, раздразливост и тешкотии при извршувањето на секојдневните обврски.
Особено тешко им е на луѓето чиј природен ритам подразбира подоцнежно заспивање и будење. Ако работното време им почнува рано, често не успеваат да се наспијат доволно, што може да влијае и врз физичкото и врз менталното здравје.
Сепак, тоа не значи дека секое започнување со работа пред 10 часот е штетно. Влијание имаат квалитетот на сонот, работното време и индивидуалниот биолошки ритам.