Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Исус Христос во Рио „облечен“ во лекарска униформа

Големиот споменик Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно „облечен“ во лекарска облека. Градот на тој начин им заблагодари на болничарите од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против коронавирусот.

 

Организаторите притоа, зборот „Благодарам” го испишаа на неколку јазика – домашниот португалски, на шпански, англиски, германски, италијански, кинески, француски, арапски и руски јазик.

Освен тоа, статуата беше осветлена во боите на знамињата на државите што се најпогодени од коронавирусот – САД, Шпанија, Италија и Кина, како и самиот Бразил.

– Ова е послание за надеж во овој тежок период на пандемија, изјави надбискупот на Рио де Жанеиро, кардиналот Орани Жуан Темпеста.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: