#ТРЕНД

Италијанска манекенка 56 дена е позитивна на кoрoнaвирус

Објавено на

Италијанската манекенка Бјанка Добриу веќе 56 дена е позитивна на коронавирусот. Таа на 28 февруари била примена во болница во Болоња со симптоми на коронавирусот, а на 6 март и е кажано да остане во домашна изолација.

До сега четири пати резултатите и покажале дека е сѐ уште е позитивна на коронавирусот, а еден тест бил нејасен.

-Пациентот е во ред, но тестовите се позитивни. Внимателно го проучуваме нејзиниот случај. Што е до нас, никој друг во Италија не бил толку време позитивен. Инаку, позитивните резултати не траат повеќе од четири дена, вели експерт за инфекции од Италија, Луциано Атард.

Бјанка за локалните медиуми изјавила дека не е премногу загрижена поради резултатите и се чувствува добро.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version