Иванка Трамп, ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се огласи на Инстаграм откако нејзиниот татко беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да ги прикрие плаќањата за да ја замолчи порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.
Иванка Трамп накратко напиша „Те сакам тато“ покрај фотографијата со нејзиниот татко од детството.
Иванка Трамп е второто дете на Доналд Трамп, таа му е ќерка од првиот брак со Ивана Зелничкова, која почина во јули 2022 година. Иванка е претприемач, а заедно со нејзиниот сопруг, инвеститорот Џаред Кушнер, го советувала својот татко за време на неговиот претседателски мандат од 2017 до 2021 година.