Медиасет.мк

#ТРЕНД

Иванка Трамп вакцината за Ковид-19 ќе ја прими во телевизиско шоу

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја прими вакцината за Ковид-19 во живо, во телевизиското шоу „Поглед“. Таа го прифати предизвикот на водителката Џој Бехар, која рече дека нема да се вакциниа додека не види дека Иванка го направила тоа, па ја покани да ја прими вакцината во живо додека трае емисијата.

„Драга Џој Бехар. Ќе дојдам во твоето шоу за да го направам тоа. Ѝ верувам на ФДА како што треба и сите Американци. Главен приоритет на сите треба да ни биде уништувањето на овој вирус“, напиша Иванка на „Твитер“.

Претходно во шоуто, Џој Бехар, го обвини Доналд Трамп дека ја користи вакцината за короната за да добие политички поени пред изборите.

Инаку, во Америка, за сега нема регистрирано вакцина против Ковид-19.

Трендинг

На почеток
error: