Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го оствари правото на глас за претседателските избори 2024 година. Тој во оваа прилика ја пренесе пораката дека демократија значи ПРОМЕНА преку ГЛАС. А промената е во бројот 6.
„Денеска е убаво и сончево време. Ова убаво време не повикува да гласаме за позитивниот човек, некорумпираниот доктор, Арбен Таравари. Демократија значи ПРОМЕНА преку ГЛАС. А промената е во бројот 6”, рече Меџити.