Медиасет.мк

Медиасет

Новак пристигна во Белград, направи тренинг пред невремето

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, пристигна во Белград и тренираше на Кошутњак.

Овој пат тренираше на истото место каде што се подготвуваше за Мастерсот во Монте Карло каде стигна до полуфиналето.

Тој беше расположен, весел и насмеан, а на луѓето кои го следеа неговиот тренинг дури им подари и маица.

Српскиот тенисер тренираше пред невремето кое започна во Белград во 14 часот и 30 минути. Со него на тренинг повторно беше Ненад Зимоњиќ, некогашниот најдобар светски дубл играч.

Новак пристигна од Мадрид, каде во понеделникот по петти пат ја прими наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на планетата.

Следен турнир на кој Србинот ќе игра е Мастерсот во Рим од 6 до 19 мај.

На почеток
error: