Член на партијата „Лига“, Примиано ди Мауро загуби на локалните избори за градоначалничката позиција во мала општина во Италија, Лезина, град со 6.000 жители, иако тој беше единствениот кандидат.
Имено, за да бидат валидни резултатите од локалните избори, требало да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во таа мала општина, само 49 проценти од населението излегле на гласање.
Така, победата што се чинела сигурна, бидејќи немало конкуренција, се претворила во бизарен и веројатно единствен пораз, бидејќи немало противник.
Пресот што известува за овој случај, што е за рубриката „верувале или не“, пишува дека победиле оние што ги бојкотирале изборите, односно тие што не го искористиле своето демократско право на глас.
Апстиненцијата ја фаворизирале две групи локални политичари, „Различна лежина“, која е поблиску до партиите на десниот центар и друга група „Без кворум“, која според политичките убедувања е поблиску до Демократската партија.
Бидејќи не е избрана локалната власт, градот Лезина ќе го водат т.н. „комесари“, пренесува Танјуг.
Поразот против кандидатот стана хит тема на социјалните мрежи, а многумина го исмеваат случајот и ги поврзуваат исчезнатите 49 гласа, колку што е потребно за да се постигне кворум, со фактот дека партијата „Лига“ мора да врати 49 милиони евра на општеството, пари што не им припаѓаат и чии траги се чудесно изгубени.