Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Изложба на живи статуи - Која си? А која сакаш да бидеш?

Медиасет.мк
пред 2 години
thumbnail_3

На 13 октомври, во 17:30 часот, во Red Door на Илинденска 38 a, ќе ве пречека уникатна изложба на скулптури – но не во традиционалната смисла. Овојпат, скулптурите ќе бидат живи статуи.

Преку свеж и креативен пристап, оваа изложба ќе ја претстави жената во различни социјални улоги, поврзувајќи ја темата со животните предизвици што ги носат овие улоги. Мотото на настанот, „Која си ти? А која сакаш да бидеш?“, повикува на размислување и интроспекција. Пет девојки, како живи статуи, ќе ги отелотворат различните категории на жени – од најниската до највисоката, застанати во пози кои го одразуваат нивниот социјален статус и различност.

Публиката ќе има можност не само да ја набљудува оваа уметничка инсталација, туку и активно да учествува – поставувајќи прашања, коментирајќи и споделувајќи мислења по изложбата.

„Особено сме горди што ќе ни се придружат четири девојки од Косово, кои за време на изложбата ќе демонстрираат како настануваат живите статуи – додавајќи уште една димензија на креативност и интеркултурна соработка“.

Проектот е воден од Весна Николовска, дел од Театроск, и ова е нејзино прво самостојно дело, со голема поддршка од тимот на Театроск. Настанот е овозможен преку грант од RYCO - Младински културен фонд за Западен Балкан.

Дополнително, октомври е месецот за подигнување на свеста за борба против ракот на дојка. Оваа изложба е директно поврзана со оваа тема, потсетувајќи нè на влијанието што стресот го има врз жените кои се соочуваат со оваа болест. Повторно, прашањето останува исто: „Која си ти? А која сакаш да бидеш?“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM

Меклмор одржа концерт пред 20.000 луѓе во Париз во рамките на турнејата „Слободна Палестина“

Сцена | пред 8 часа

media-librarypen7q7abs0951X7nv68

Над 30.000 долари за изгледот на холивудска ѕвезда: Што забележале хирурзите кај Џенифер Лоренс?

Сцена | пред 8 часа

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 10 часа

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања