Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Изложба САМО (ДО) ВЕРБАТА на Христина Тарабунова

Во понеделник, 14 октомври, од 20 часот во Културно информативениот центар (КИЦ) во Скопје ќе биде отворена изложбата САМО (ДО) ВЕРБАТА на Христина Тарабунова, која ќе биде изложена до 18 октомври. На изложбата ќе бидат претставени 12 нови и симболички дела, каде што извор на инспирација e главното и генералното верување во себеси и своите способности.

Појдовна точка на овој проект е создавањето на врска со самиот себе, нежно пријателство со немирот и барање лек за стравот. Делата се претставени во релјефен стил со акрил техника на големи платна и носат длабока носталгичност, а истовремено зборуваат со самодоверба.

Главната цел на Тарабунова, како што вели, е да ја разбуди свеста кај луѓето и да ги охрабри самостојните уметници, но и да влијае врз таа деструктивна врска каде се дозволува да се повредуваат нашите лични граници, непокането да влегуваат и да излегуваат од нашиот интимен простор, не грижејќи се за емотивните повреди каде се губи нашата индивидуалност.

Христина Тарабунова е мaгистер по туризмологија при Универзитетот за туризам во Скопје, работи туризам во Град Скопје и е лиценциран туристички водич, со многу интереси, како финансии и инженерство.

Љубовта кон уметноста, пак, ја негува уште од дете. Иако не е академски, туку самоук сликар, таа со години твори и создава своја уметност, слика на платно, мурал, скулптура, дизајн и редизајн, ентериер, екстериер, гардероба …

За себе вели дека е љубопитна личност, која постојано е во контакт различни култури, разменува искуства и оддржува пријателства и затоа својата инспирација ја црпи од општествените проблеми и душата на колективно ниво.

- Не се интересирам за политика, секогаш сум гласна на неправди, па често знам и да се активирам на некоја тема со цел да придонесам за подобро утре. Тоа најлесно го искажувам преку уметноста. Поради својата емпатична природа се радувам кога можам да помогнам. Такви ми се и повеќето проекти, настрана учеството како дел од некој колектив, вели таа.

Христина Тарабунова позади себе има неколку колективни изложби меѓу кои и такви со хуманитарен карактер:

„Која пудра најмногу покрива модрици”, во соработка со ХОПС;

„Донирај уметност”, КИЦ, во соработка со Зоран Кардула;

„Перото, инспирација за уметничката четка”, Славјански универзитет;

„Љубов и уметност”, Ауроом платформа;

„Преобразени предмети”, во соработка со Јасмина Главинче итн.

Учесник на неколку арт базари, дел е од АУРООМ, дигитална платформа за продажба на уметност, и има две авторски изложби од општествен карактер:

„Оној кој ќе зачува живот, го чува целиот свет”, кафе бар Излет (за децата болни од рак кои лежат на Онкологија - Скопје) во соработка со фондација Златна Рипка; Своите дела ги донираше за украсување на клиниката за онкологија во Скопје.

„ОСЛОБОДЕНИ” – документарен филм против табуата во уметноста, Комитет, поддржан од Министерство за култура на Македонија и Хелсиншки комитет – Скопје. Истиот филм конкурираше и на еден филмски фестивал за документарни филмови.

Има искуство со работилници за редизајн на јавни површини во соработка со Град Скопје, но и цртање на мурали. Од неодамна, нејзин мурал, кој сега за жал е уништен, се најде како дел од збирката скопски графити на Матеј Богдановски и Игор Анѓелков „(ДО)ЖИВЕЈ ГО СКОПЈЕ”.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryj3cgrut7r8ai9LGgr2h

Мајли Сајрус организираше предсвадбена вечера, објавени фотографии од прославата

пред 1 час
media-library23cr51o03trs49oLgtf

Почина Паоло Булгари, славниот италијански дизајнер на накит

пред 2 часа
tejlor-svift-1200x675-1

Тејлор Свифт добива своја изложба во музеј во Бостон, ќе бидат изложени над 50 предмети

пред 3 часа
277910494_401685251332515_2272275829076403867_n

Лозано најави седум настапи во САД и голем солистички концерт во Скопје

пред 7 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања