Оваа сабота, 23 ноември со почеток во 13:30 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?“ на авторката Јелена Белиќ.
Изложбата ќе биде отворена до 5-ти декември и во себе вклучува портретни фотографии во простор на членовите на инклузивниот ансамбл на Колектив Ветерница и Трисомија 21.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Музејот на Македонија, Колектив Ветерница и Партизанска штампа.
