Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Јала Брат и Буба Корели на Нетфликс: Нивната песна се најде во нова бразилска серија

Медиасет.мк
пред 58 минути
media-library9mq22hm9p3oi3hXPp98

Песната „Bass“ на рапери Јала Брат и Буба Корели од БиХ е дел од музичката подлога на новата бразилска серија „Граници на алчноста“ (The Gift of Deceit), која се прикажува на Нетфликс.

Веста ја објави нивната издавачка куќа, а информацијата привлече големо внимание кај обожавателите на популарното дуо.

Издавачката куќа Imperia ја сподели веста на Инстаграм, заедно со графика на која пишува „Јала и Буба на Нетфликс“, како и постерот од серијата.

Песната „Bass“ беше објавена во декември 2024 година, како дел од албумот „Goat Season: Final Chapter“.

„Граници на алчноста“ е бразилска драмска серија од десет епизоди, чија приказна е сместена во Рио де Жанеиро.

Приказната ја следи колекционерката на уметнички дела Лусија Розети, која очајнички се обидува да пронајде лек за мистериозната болест на својата ќерка Маира.

Откако лекарите не успеваат да ѝ помогнат, таа се обраќа кај духовна терапевтка, но потрагата по спас се претвора во измама која открива мрачни тајни на две семејства.

Правата за користење на песната во серијата се регулирани преку компанијата EMDC Publishing, која работи во рамките на групацијата EMDC Network.

Овој ангажман претставува уште еден чекор во меѓународната промоција на музичкиот каталог на нивните партнери и можност музиката на Јала Брат и Буба Корели да допре до публиката надвор од Балканот.

Појавувањето на нивната песна во бразилската серија покажува како регионалната музика наоѓа пат до меѓународните продукции и до нови слушатели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydktku7av35c11XJLlSm

(Видео) Остров на кој сонцето не заоѓа: Сакаа да го укинат времето, а приказната го обиколи светот

Патувања | пред 50 минути

media-libraryf2gg9k94vqjc5aqOFlc

Лоши вести за купувачите: Недостигот на RAM меморија ќе трае до 2030 година!

Технологија | пред 1 час

IMG-8728f05e6d291d028b4c7ced825723c5-V

Поправките на автомобилите во Германија стануваат луксуз: Резервните делови поскапеле над 80 отсто

Сцена | пред 2 часа

media-libraryhpt2q1ki5phceWEsTZJ

(Видео) Антониа Гиговска ги испеа макфестовските евергрини на првата вечер од 41. издание на фестивалот

Сцена | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања