Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Јованова-Грујовска: Македонскиот јазик е признат од сите славистички и лингвистички центри

Медиасет.мк
пред 5 години
jovanova

Верувам дека дневнополитичките игри и влијанија набрзо ќе завршат и науката ќе се согласи во врска со посебноста на двете нации и на двата јазика – македонски и бугарски, вели проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, нагласувајќи дека македонскиот јазик е признат од сите славистички и лингвистички центри. Таа ова го вели во контекст на прашањето поврзано со ставовите на официјалната бугарска политика за македонскиот јазик истакнувајќи дека во изминатите години научните академии на Македонија и Бугарија имале конференции и заеднички проекти.

Според директорката, постојано има интерес за отворање реципрочни лекторати и со решавање на, како што рече, специфични барања, значително ќе се зголеми бројот на нашите лекторати. Вели и дека Институтот за македонски јазик е активен во продлабочување на соработката со соседните и со другите европски лингвистички центри, а најголемиот предизвик на институцијата што ја раководи е вработување квалитетен подмладок – млад лингвист вработиле пред три години по пауза од две децении.

Во врска со чествувањето на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Јованова-Грујовска, во интервју за МИА, вели дека во рамки на активностите кои продолжуваат до крајот на месецот, по покана на македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, професори од Институтот за македонски јазик, заедно со претседателот и членови на Советот за македонски јазик, на 27 и 28 мај ќе одржат настава со работна трибина во Пустец, Мала Преспа, за наставниците што им предаваат на македонските ученици.

„Одиме подготвени: за учениците носиме книги, маички, училиштен прибор … На овој начин придонесуваме за подигнување на јазичната култура на македонските родени говорители и надвор од границите на државата“, вели директорката на Институтот.

Таа нагласува дека Институтот за македонски јазик целосно е посветен на проучување на македонскиот јазик на сите рамништа (дијалектно, историско, ономастичко, лексичко, на современ план) и на ширење на јазичната култура.

„Во минатите седум децении, современиот македонски јазик си ја најде својата соодветна употреба во сите сфери на општествениот живот. Секогаш може да биде подобро. Секогаш има нови предизвици. Најновиот предизвик е влијанието на туѓата лексика во рамките на глобализацијата и дигиталната ера. Лингвистите се исправени пред задачата: колку што може да понудат соодветна македонска лексика за странските зборови или, барем, да ги приспособат на македонскиот зборообразувачки и формообразувачки систем“, вели Јованова-Грујовска.

Извор/фото:Агенции

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 21 час

media-library1ea7c0tmf62v35ATCh6

Најпознатата шпионка во историјата: Мата Хари и нејзиниот трагичен крај

Трендови | пред 1 ден

media-libraryrms82luqhn9m6Gx3yk6

Трагедија во национален парк во Кенија: 16 слонови угинаа од цијанид

Трендови | пред 1 ден

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања