#ТРЕНД
Кајли Џенер не знае да сече торта
Кајли Џенер пред неколку дена објави слика од својата торта со маслиново масло. Но лошо исеченото парче, беше и повод за серијата шеги на нејзина сметка.
Но, Џенер „го возврати ударот“. На следните две објавени слики од истата торта, до првото исечено парче, има несовршено исечен круг и нож во тортата.
„Некои луѓе беа вознемирени од тоа како сечам торта, па ова е токму за тие луѓе“, вели Кајли во придружниот коментар.
Зајадливите шеги продолжија. Некои следачи тоа го нарекоа „хорор“ врз тортата.