Медиасет.мк

ХОРОСКОП

Каде посакува да биде секој хороскопски знак додека е во изолација?

Овен
Сакате да се релаксирате на плажа, по можност со некоја добра книга. Но, ниту освежителен пијалак нема да ви пречи. Само да го почивствувате мирисот на море и песок.

Бик
Посакувате да сте на некој концерт и да танцувате на вашите омилени песни. Замислете, некој од летните големи концерти или фестивали, вашето друштво, музика…

Близнаци
Си замислувате дека сте во некој бар, каде што ќе си дозволите да испиете некоја чашка повеќе со пријателите.

Рак
Сакате да сте на кино, со огромна порција пуканки пред вас.

Лав
Посакувате да сте во вашиот омилен ресторан, уживајќи во разните вкусови со пријателите. Ви здосади да готвите и едвај чекате да се опуштите со добра храна, малку алкохол, музика и пријатели.

Девица
Сакате да сте во парк и да уживате во природата која само што почнува да се буди. Со партнерот или одбрано друштво, на убав сончев ден, со кафе или смути во рака, безгрижни прошетки и длабоки разговори.

Вага
Сонувате да одите во некој трговски и да се разгалите со нова облека. Не можете да поднесете што мора да бидете дома во здодевна облека. Едвај чекате да се подновите со последните модни трендови и да го покажете пред сите стилот.

Скорпија
Посакувате да сте во теретана и да работите на вашето „летно тело“, бидејќи веќе чувствувате грижа на совест за лежењето дома.

Стрелец
Си замислувате дека сте на одмор, на некоја далечна дестинација, без ниту една грижа во мислите. Палми, ситен песок, беспрекорна сина вода, егзотично овошје и коктел во рака…

Јарец
Посакувате да сте во продавница за алкохол, купувајќи „опрема“ за забавата што ќе ја организирате со пријателите. Тоа е првото нешто што ќе го направите по изолација.

Водолија
Мечтаете за одење во дискотека, каде што ќе танцувате до утринските часови. Вие сте од оние ноќни птици кои живеат за забавата.

Риби
Сакате да сте кај некој од најдобрите пријатели, каде што ќе разговарате, ќе се шегувате и едноставно ќе уживате во моментот.

Статијата е преземена од Црнобело.мк

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: