Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Како да го заштитите бебето од сонцето? Кремата не е првиот избор

tatko-i-bebe1

Летните горештини ги отвораат и прашањата за тоа како најдобро да се заштитат најмалите од штетното сончево зрачење. Една од најчестите дилеми кај родителите е дали бебињата смеат да се мачкаат со крем за сончање и кога е безбедно да се почне со нејзина употреба.

Стручњаците препорачуваат бебињата помлади од шест месеци воопшто да не се изложуваат на директна сончева светлина. Нивната кожа е исклучително тенка и чувствителна, а содржи и помалку природен пигмент кој обезбедува заштита од ултравиолетовите зраци.

Наместо крем за сончање, заштитата треба да се обезбеди со престој во сенка, лесна памучна облека со долги ракави, шешир со широк обод и избегнување престој на сонце во периодот од 10 до 16 часот, кога зрачењето е најсилно.

Доколку не може целосно да се избегне изложеноста на сонце, мала количина крем за сончање може да се нанесе само на деловите од кожата што не можат да се покријат со облека, како што се лицето или горниот дел од дланките. Во такви случаи се препорачува родителите претходно да се консултираат со педијатар.

Кај бебињата постари од шест месеци, кремата за сончање станува важен дел од заштитата од сончевите зраци. Сепак, експертите предупредуваат дека таа не треба да биде единствената мерка за заштита.

Најдобри резултати се постигнуваат кога кремата се комбинира со соодветна облека, шешир со заштита од сонце, престој во сенка и избегнување изложување на најсилното сонце во текот на денот.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Трендови

Сите →
media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Хакерски напади низ Европа: украдени 100 милиони евра, парализирани болници и банки

пред 21 час
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 22 часа
media-libraryk1nhuj12of562eYWAka

Жените добиваат исто право како мажите: Во германски град се дозволува капење без горен дел од костимот

пред 1 ден
media-librarycbnh1d2epppp6dTR84A

Се враќа хит-криминалистичката серија „MobLand“: Почна снимањето на третата сезона

пред 1 ден
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања