Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Како да намалите 500 калории на ден?

Најлесниот начин за слабеење е намалување на внесените калории во исхраната. Постојат методи кои ќе ви помогнат полесно и правилно да го направите тоа, но сепак не даваат брзи резултати.

Доколку сакате ефект потребно е да бидете посветени и истрајни, како и да го знаете овие трикови со кои ќе внесувате 500 калории помалку на ден, секој ден.

Не јадете пред телевизор

Ниту пак пред компјутер, јадете нормално на маса, а потоа движете се околу половина час до час за јадењето полесно да спадне.

Овој трик помага при помалку внесени калории бидејќи докажано е дека луѓето кои јадат пред компјутер или телевизор, внесуваат 500 калории плус.

Престанете со внесувањето на кофеин

Кафињата кои изгледаат убаво, исто така убаво се таложат на телото бидејќи им се додаваат адитиви, шлагови, крем пена и што уште не, што ви додава 500 калории на ден.

Наместо кафе започнете да консумирате чаеви со различни вкусови.

Спијте повеќе

Доколку спиете повеќе, ќе јадете помалку во текот на денот, бидејќи во спиење сигурно не внесувате 500 калории плус.

Јадете лесна храна која ве заситува

Како на пример салата од разни зеленчуци, овошја, јајца, супа, со други зборови се што е здраво. На овој начин сигурно ќе спречите внесување на 500 калории плус во јадењето на поголемите оброци.

Не консумирајте грицки

Наместо грицки од типот на чипс, смоки или колачиња, одберете здрава, лесна храна со помалку калории, бидејќи во деновите во кои внесувате грицки во исхраната, добивате 500 калории помалку.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: