#ЏЕТ-СЕТ
КАРМА: Откако крадец и ја украде заштедата, приказната доби среќен крај
Девојчето Медисон Хјустон (5) од Австралија била одлучена да собере пари со цел еден ден да си го купи автомобилот од соништата. Таа работела по дома, продавала јагоди со месеци, па успеала да заштеди 600 долари, се додека крадец не провалил во кафулето на нејзината мајка.
Крадецот ги украл дневните приходи на нејзината мајка, но и парите на Медисон, кои таа упорно ги штедела за Ферари.
– Ќе те возев со Ферари-то ако не ми ги украдеше парите – му рече девојчето на крадецот пред камерата на „Севен Њуз“.
Нејзината мајка Сара Даген се пожали дека ова е шеста кражба во нејзиното кафуле.
– Најлошото е што вложив многу во работата и го жртвував времето што можев да го поминам со моите деца – рече таа.
Приказната доби среќен крај за малата Меди. Нејзината симпатична порака за крадецот ја виделе луѓето кои се вработени во Ферари и решиле да и вратат 600 долари на девојчето, а исто така и овозможија да се повози во еден од нивните автомобили.