Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Карневалот во Рио ќе се одржи во јули 2021 година поради пандемијата

Училиштата за самба во Рио де Жанеиро соопштија дека славниот карневал ќе се одржи во јули 2021 година, а вообичаените поворки во февруари се одложени поради епидемијата на коронавирусот.

Но, според Лиеса, главната асоцијација на училишта за самба во градот, новиот датум ќе зависи и од достапноста на вакцините, како и од одлуката на владата дали во јули ќе прогласи неработни денови на национално ниво, што е средина на зимата на јужната хемисфера.

-Училиштата за самба одлучија карневалот да се одржи во јули доколку има вакцина и доколку се прогласат празници, изјави портпаролот на Лиеса, Винсенте Датоли. Но, додаде: „доколку нема вакцина, нема да има ништо од тоа“.

Карневалот, со мноштво весели и разиграни луѓе на улиците не само во Рио де Жaнеиро, туку и низ целиот Бразил, традиционално се одржува во февруари или март.

Карневалот во Рио секоја година привлекува безброј туристи, а секое училиште е претставено од речиси 3.000 костимирани изведувачи кои танцуваат и пеат на „Самбодромот“.

Поради Ковид-19, веќе е откажан и традиционалниот новогодишен огномет, што редовно привлекува милиони посетители на познатата плажа Копакабани во Рио.

Трендинг

На почеток
error: