Пејачот Драган Кеба Којиќ и неговата сопруга Олја и ќерката Наташа ја блокираа нивната снаа Северина на „Инстаграм“. Во јавноста се шпекулира дека пејачката Северина и нејзиниот сопруг Игор ќе се разделат. Тие повеќе не живеат заедно и ги прекинаа сите контакти.
На социјалните мрежи веќе не објавуваат заеднички фотографии, а како главен виновник за тоа Игор го посочи поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ.
„Генералниот покровител на мојот брак од сигурни шумски извори е Милан“, напишал Игор, алудирајќи на натписите дека тој се разведува. Северина му одговори дека вистинските покровителите за сите нивни кавги и несогласувања се неговите родители Кеба и Олја.
По ваквите преписки, Кеба и Олја ја избришаа Северина од социјалните мрежи.