Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Лекарите на терен го оживуваа Србинот Јевтиќ

Грозоморна повреда каква што ретко се гледа на фудбалските терени му се случи на швајцарскиот фудбалер со српско потекло Дарко Јевтиќ, на натпреварот од рускиот куп меѓу неговиот Рубин Казан и Хабаровск.

Јевтиќ завршил во болница со скршен нос и потрес на мозокот, а лекарите морале да го оживуваат по страотниот судир со лактот на дефанзивецот на Хабаровск, Владислав Брагин.

Снимката, на која се гледа како бликнува крв од главата на повредениот фудбалер, кажува повеќе отколку што можат зборовите.

По страшниот старт во 26-тата минута од мечот, Јевтиќ добил лекарска помош и сакал да го продолжи натпреварот, но набргу паднал во несвест на теренот, а лекарите повторно интервенирале, по што несреќниот фудбалер бил пренесен во болница.

Неговиот клуб во меѓувреме се огласи на социјалните мрежи и потврди дека Јевтиќ имал тежок потрес на мозокот, но и дека се чувствува добро и оти му се приклучил на тимот.

Рубин го загуби натпреварот со 1:0.

Трендинг

На почеток
error: