#ЏЕТ-СЕТ
Кината се покажале како најбезбедно место во време на пандемија на вирусот Ковид-19. Ниту едно избивање на зараза на коронавирусот никаде во светот не може да се поврзе со кино-салите или местата со јавни проекции, покажува анализата на онлајн блогот „Celluloid Junkie“. Според анализата на овој блог кој е посветен на глобалното работење на кино-индустријата и филмската индустрија, кино-салите ниту еднаш не биле поврзани со инциденти на создавање нови жаришта на вирусот, нешто што не може да се каже за рестораните, ноќните клубови, баровите, па дури и Белата куќа. Ако во кино ги дишeме само издишените аеросоли, дури и во случај на екстремно долг филм, сѐ уште можноста да се зарази некој е далеку помала, споредено со канцеларија во која активно се збори, покажува една студија спроведена во Берлин. Истражувајќи дали кината се извор на зараза или ширење на вирусот Ковид-19, блогот на СЈ користел палета на различни алатки, меѓу кои и комуникација со преку 1000 кино-ланци, и постојан контакт со сите национални и глобални здруженија, асоцијации и федерации на кино-прикажувачи. Студијата исто така укажува дека ова е поврзано и со видот на вентилација кој е присутен во кино-салите. Сепак се напоменува дека иако кината претставуваат релативно низок ризик за пренос на вирусот, не е исто како и да тврдиме дека ризикот воопшто не постои. – Меѓутоа, луѓето не престанаа да одат во супермаркети или да користат јавен превоз,иако овие два примери претставуваат висок ризик за пренос на вирусот. Др. Џојс Санчез, специјалист за инфективни болести од медицинскиот колеџ Висконсин, напоменува во својата студија дека не постои ниедна литература било каде во светот која покажува дека кината се места за вирална трансмисија. Ниту два месеци по нејзиното објавување, ситуацијата не се променила, се наведува во студијата. Посочуваат дека од почетокот на пандемијата, има преку 100 милиони посети на кината ширум светот, и во ниедно од нив, не е забележано ширење или заразување на вирусот Ковид-19.
Кината се покажале како најбезбедно место во време на пандемија на вирусот Ковид-19. Ниту едно избивање на зараза на коронавирусот никаде во светот не може да се поврзе со кино-салите или местата со јавни проекции, покажува анализата на онлајн блогот „Celluloid Junkie“.
Според анализата на овој блог кој е посветен на глобалното работење на кино-индустријата и филмската индустрија, кино-салите ниту еднаш не биле поврзани со инциденти на создавање нови жаришта на вирусот, нешто што не може да се каже за рестораните, ноќните клубови, баровите, па дури и Белата куќа.
Ако во кино ги дишeме само издишените аеросоли, дури и во случај на екстремно долг филм, сѐ уште можноста да се зарази некој е далеку помала, споредено со канцеларија во која активно се збори, покажува една студија спроведена во Берлин.
Истражувајќи дали кината се извор на зараза или ширење на вирусот Ковид-19, блогот на СЈ користел палета на различни алатки, меѓу кои и комуникација со преку 1000 кино-ланци, и постојан контакт со сите национални и глобални здруженија, асоцијации и федерации на кино-прикажувачи.
Студијата исто така укажува дека ова е поврзано и со видот на вентилација кој е присутен во кино-салите. Сепак се напоменува дека иако кината претставуваат релативно низок ризик за пренос на вирусот, не е исто како и да тврдиме дека ризикот воопшто не постои.
– Меѓутоа, луѓето не престанаа да одат во супермаркети или да користат јавен превоз,иако овие два примери претставуваат висок ризик за пренос на вирусот. Др. Џојс Санчез, специјалист за инфективни болести од медицинскиот колеџ Висконсин, напоменува во својата студија дека не постои ниедна литература било каде во светот која покажува дека кината се места за вирална трансмисија. Ниту два месеци по нејзиното објавување, ситуацијата не се променила, се наведува во студијата.
Посочуваат дека од почетокот на пандемијата, има преку 100 милиони посети на кината ширум светот, и во ниедно од нив, не е забележано ширење или заразување на вирусот Ковид-19.