Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Кинескиот производител Xiaomi со нов евтин, но профи телефон!

Кинескиот производител Xiaomi ја претстави новата серија на своите паметни телефони со поддршка за 5G мрежата, а станува збор за моделите Mi 10. Уредите се претставени во Кина, а од компанијата го најавуваат и глобалното претставување.

И двата уреди, Mi 10 и Mi 10 Pro имаат 6,67-инчен 2340 x 1080 OLED дисплеј. Опремени се со најновиот Snapdragon 865 процесор, dual-mode 5G поддршка со Wi-Fi 6, поддржуваат безжично полнење и имаат 12 GB RAM меморија.

Новите Xiaomi имаат четири камери од кои главната камера има 108 мегапиксели и може да снимате во 8K резолуција. Сензорот од 108 мегапиксели има оптички објектив. Уредот има 10х хибриден зум и FOV од 117 степени. Од друга страна, Mi 10 има ултра-широк сензор од 13 мегапиксели со FOV од 123 степени, покрај главната камера од 108 мегапиксели.

Се очекуваше дека Mi 10 и Mi 10 Pro ќе бидат претставени во Европа на 23 февруари, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

Меѓутоа, плановите се променија поради опасноста од ширењето на корона вирусот, па затоа Xiaomi наскоро ќе најави нов датум кога ќе го лансира уредот во Европа.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: