Медиасет.мк

#ТРЕНД

Книжевен и творечки фестивал за деца на „Чудна шума“ ќе се одржи во МКЦ


цПрвиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“, во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, ќе се одржи на 24, 25 и 26 јуни. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за Најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без творба“ на Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски – активности по цртање и креативно пишување за 365 дена во годината.

На летниот саем „Ни ден без книга“ ќе можат да се најдат изданија за деца и млади на „Чудна шума“, „Бегемот“, „Гаврош“, „Елоквента“, „Светулка“, „Антолог“, „Темплум“, „Светот на Биби“, „Сказнувалка“, „ПНВ публикации“.

Трендинг

На почеток
error: