Медиасет.мк

#ТРЕНД

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Британскиот актер Даниел Крег повеќе нема да го глуми познатиот британски таен агент 007, Џејмс Бонд, пренесуваат светските медиуми. По премиерата No time to die, тајниот агент ќе го глуми нов актер.

Во јавноста веќе се шпекулира со имињата на новиот Џејмс Бонд, а во изборот на познати кандидати се најде и жена. Досега во потесниот избор се нашле 22 кандидати.

Меѓу фаворитите се споменува името на Хенри Кавил, кој веќе се има еднаш појавено на кастинг за улогата на Џејмс Бонд, уште кога имал 22 години. Покрај него, во игра се Ричард Маден, Џејмс Нортон, а можеби на крајот улогата на таен агент ќе ја добие и глумицата Лашана Линч.

Сценаристот Фиби Волер Бриџ, претходно потврдила дека Лашана ќе се најде во улогата на новиот Бонд.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: