#ТРЕНД
Колегите и пријатели се простуваат од Босман
Бројни пријатели и колеги на социјалните мрежи се простуваат од глумецот Чедвик Босман. Многумина од нив не можеа да ја сокријат тагата и за „Црниот Пантер“ напишаа само најубави зборови. Ѕвездата од истоимениот филм, почина на 44. годишна возраст.
Тој долго време се бореше со тешката болест, ракот.
„Нашите срце се скршени, а мислите се со неговото семејство. Твоите дела ќе живеат засекогаш. Почивај во мир“, му напишаа на службената страна на „Марвел“.
Our hearts are broken and our thoughts are with Chadwick Boseman’s family. Your legacy will live on forever. Rest In Peace. pic.twitter.com/YQMrEJy90x
— Marvel Entertainment (@Marvel) August 29, 2020
Од глумецот се прости и „Капетан Америка“, Крис Еванс, кој призна дека веста за смртта на неговиот пријател, целосно го уништила. Благодарен сум што имав можност да запознаам таков уметник.
https://twitter.com/ChrisEvans/status/1299550103221555200
И американскиот глумец, режисер, продуцент и сценарист, најпознат по улогата на „Хулк“, во „Одмазници“, Марк Руфало, се прости од својот колега на „Твитер“.
„Ми беше чест да соработувам со тебе. Колку само искрен и великодушен беше“, му напиша Марк.
Глумицата и пејачката Бри Ларсон, позната како „Капетанка Марвел“, најпозната по улогата во филмот „Соба“, за која освои и Оскар, на социјалните мрежи објави фотографија од починатиот глумец и откри колку срцето и било скршено
— Brie Larson (@brielarson) August 29, 2020
И познатата холивудска глумица Кери Вашингтон се прости од својот колега.
„Војник на светлина до самиот крај. Без зборови сум. Вистински крал“, напиша таа.
Глумицата Мелиса Фумеро откри дека Чадвик ѝ бил еден од омилените глумци, а таа испрати поддршка и до неговото семејство.