Медиасет

Колку долго можете да ги чувате јајцата на трпезата по Велигден?

Објавено на

Во зависност од тоа дали се на собна температура или во фрижидер, имаат различен рок на траење.

Иако духот на празникот сè уште не нè напуштил и на трпезата убаво изгледаат декорираните, украсени велигденски јајца, треба да знаете дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите. И затоа не треба долго да се чуваат како украс на масата, предупредуваат експертите.

Основното правило е дека јајцата треба да се чуваат во фрижидер по варењето, а не во корпа на масата, како што се практикува кај нас.

Колку долго после Велигден се оставаат јајцата на трпезата и служат како главен украс?

Тешко е да се процени колку јајца треба да сварите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба. Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.

Како резултат на тоа, се јавува труење. За време на процесот на варење, заштитниот слој што ја опкружува лушпата што вообичаено ги штити јајцата се отстранува од јајцето. Без него јајцето станува „ранливо“ и изложено на воздух, температура и бактерии.

Тоа го поткрепува и фактот што секоја година по Велигден во американските болници се појавуваат најмалку двојно повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како „труење на желудникот“. Симптомите може да варираат – од блага непријатност, надуеност, промени во варењето, до тешка мачнина, повраќање и дијареа.

Ако ги чувате јајцата на собна температура – јадете ги истиот ден или најдоцна следниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење до шест дена.

Трендинг

Exit mobile version