Сè повеќе истражувања покажуваат дека маските за лице се ефективни кога станува збор за контролата на ширењето на коронавирусот. Но повеќекратното кашлање во маската може да ги направи помалку безбедни.
Според истражувањето на универзитетот во Никозија, Кипар, капките може да излезат од маската при кашлање на далечина од речиси еден метар, дури и при слабо кашлање. Истражувачите објаснуваат дека тоа е поради воздушниот притисок кој се создава во маската при кашлањето.
– Иако маските го намалуваат исфрлањето на капките, не треба да го игнорираме фактот дека некои капки ќе излезат низ маската – велат истражувачите.
Затоа, социјалното дистанцирање останува најважно за време на пандемијата.
Во истражувањето се посочува дека носењето маска сепак е подобро отколку излегувањето без никаква заштита на лицето. Заштитата на лицето го забавува и скратува патот на честичките. Без маска вирусните честички може да патуваат двојно повеќе отколку кога се носи маска, велат истражувачите.
Извор: bestlifeonline.com