Медиасет.мк

#ТРЕНД

Концерт на Трајко Јордановски „Под ѕвездено небо“


Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на концерт на Трајко Јордановски „ПОД ЅВЕЗДЕНО НЕБО“.

Концертот, освен вокалната интерпретација од страна на солистите, ќе биде збогатен и со режиска разработка на музичките точки од програмата, со што ќе се збогати и оплемени визуелната страна од овој проект. Ќе биде збогатен и со светлосни ефекти, такашто проектот ќе биде всушност целосно оперско доживување.

Учесници:

Режисер: Трајко Јордановски

Корепетитор: Елена Силјаноска

Солист: Виктор Битоски

Солистка: Билјана Бајевска

* * *

Трајко Јордановски е македонски оперски режисер. Ја има режирано словенечката оперета „Ковачев студент” во Нова Горица во Словенија со друштвото Франце Прешерн со солисти од МОБ. На малата сцена на МОБ ја постави претставата „Васовалци”. својата премиера има на операта „Слугинка господарка” од Џовани Батиста Перголези во Скопје и „Орфеј и Евридика“ од Кристијан Вилибалд Глук. Додека пак „Веселата вдовица“ од Франц Лехар ја постави на големата сцена на МОБ.

Трендинг

На почеток
error: