Медиасет.мк

Медиасет

Корисници бесни: YouTube пушта 90-секундни реклами што не се прескокнуваат?

YouTube се најде под силен притисок од корисници ширум светот, откако на социјалните мрежи се проширија тврдења дека платформата пушта реклами од 90 секунди што не можат да се прескокнат.Во објавите се споделуваат и скриншотови од интерфејсот, на кои се гледа дека копчето за прескокнување станува достапно дури по минута и половина. Незадоволството особено е изразено кај корисниците кои гледаат содржини преку ТВ-апликацијата, каде долгите рекламни блокови се доживуваат како директен удар врз корисничкото искуство.Дел од реакциите одат и подалеку, со прашања дали воопшто има смисла користењето на платформата на голем екран ако цената е, како што велат, „заробено време“ пред видеото.Од друга страна, од YouTube официјално ги отфрлаат овие тврдења. Во соопштение наведуваат дека не постои формат на непрескокливи реклами од 90 секунди и дека во моментов не тестираат таква опција, но додаваат дека ги разгледуваат пријавите за да утврдат што точно се случува.Токму судирот меѓу масовните сведоштва и официјалната негација ја засилува недовербата. Критичарите прашуваат како е можно голем број корисници да пријавуваат идентично искуство во ист период, доколку не станува збор за ограничен тест, системска грешка или регионално специфична промена.Дополнителен сомнеж буди и практиката на дигиталните платформи да тестираат нови функционалности на мал број корисници без јавна најава. Според дел од анализите, можно е да станува збор за експеримент со цел да се измери толеранцијата на публиката – колку долго ќе прифаќа подолги реклами пред да се префрли на друга платформа или да избере платена претплата.За корисниците, дилемата останува: дали да му веруваат на официјалниот став или на сопственото искуство – 90 секунди кои, кога чекаш да почне видеото, изгледаат многу подолго.

На почеток
error: