Медиасет.мк

Медиасет

Нова забрана за Кање Вест? Француските власти размислуваат за забрана на неговиот концерт

Министерот за внатрешни работи на Франција Лоран Нунез им наложи на своите служби да ја испитаат можноста за забрана на концертот на американскиот рапер Кање Вест, закажан за 11 јуни 2026 година во Марсеј.Оваа најава доаѓа откако најавата за концертот на Кање Вест на стадионот „Велодром“ во Марсеј предизвика огорченост кај повеќе политички личности, поради неговите контроверзни и антисемитски изјави во изминатите години.Организацијата на еврејската заедница во Франција (CRIF) во Марсеј, чија почесна претседателка е Фабијан Бендајан, исто така ги повика организаторите на концертот да се откажат од настапот на американскиот рапер.Една од последните контроверзии поврзани со раперот датира од мај 2025 година, кога на денот на 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, Кање Вест објави песна со наслов „Хајл Хитлер“.Во таа песна, раперот, кој уште во декември 2023 година изјави дека „ги сака нацистите“, се поистоветува со Адолф Хитлер.„Жалам за своите постапки“, изјави Кање Вест неколку месеци подоцна, тврдејќи дека не е „ниту нацист ниту антисемит“ и наведувајќи дека неговото однесување е последица на биполарно растројство.Поради овие негови ставови, му беше забранет и влез во Велика Британија, каде што требаше да учествува на музички фестивал.

На почеток
error: