#ТРЕНД
Кристијано Роналдо има коронавирус
Најдобриот португалски фудбалер и еден од најдобрите во светот, Кристијано Роналдо, е позитивен на Ковид-19. Португалецот бил позитивен на првиот тест и сега треба повторно да се тестира.
Веста ја потврдија и од Фудбалскиот сојуз на Португалија (ФСП).
„Роналдо е добро, нема симптоми и се наоѓа во самоизолација“, се наведува во официјалниот сајт на португалската фудбалска селекција.
Поради тоа, Португалците ја одложија закажаната прес-конференција, а презакажан е и тренингот на селекцијата. Во текот на репрезентативната пауза, Португалија играше против Шпанија и Франција, а двата меча завршија без голови.
Утре треба Португалија во Лисабон да ја пречека селекцијата на Шведска, но јасно е дека домашната селекција на овој меч ќе настапи без CR7.
На својот инстаграм-профил Кристијано објави фотографија од вечерата на која беа сите негови соиграчи од националниот тим, па поради тоа постои опасност да се појават и други позитивни случаи во селекцијата.
„По позитивниот случај во селекцијата, останатите играчи беа на ново тестирање денеска наутро. Сите имаа негативни резултати и ќе му бидат на располагање на тренерот Фернандо Сантош“, велат од ФСП.