Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Кристина Агилера позираше гола во када и ги заинтригира обожавателите пред Ноќта на вештерките

media-libraryr2uua0hdtkivdtcb86O

Американската пејачка Кристина Агилера (45) ги заинтригира обожавателите со провокативна фотографија на која позира гола во када, најавувајќи ги последните подготовки за годинешното одбележување на Ноќта на вештерките. Фотографијата ја објавила на Инстаграм на 28 октомври, а празникот го нарекува „Кристинавин“ (Xtinaween), пишува „Пипл“.

На фотографијата пејачката е потпрена на внатрешната страна од кадата, а градите ги прекрила со два емотикона во форма на духови. Русата коса ѝ паѓа делумно преку лицето.

„Последни подготовки пред Кристинавин“, напишала Агилера покрај објавата, придружувајќи ја со неколку емотикони поврзани со празникот.

Фотографијата предизвикала бројни реакции, а обожавателите веднаш почнале да погодуваат каков костим подготвува пејачката. Некои ја прашувале што планира, додека други се пошегувале дека би сакале нејзиното изненадување да биде најава за нова музика.

Агилера веќе има традиција да ја одбележува Ноќта на вештерките со впечатливи модни комбинации. Минатата година избрала изглед инспириран од пиратскиот стил, со црн корсет, бел фустан со набрани детали и впечатлив украс за глава во форма на брод.

Во 2024 година, пак, објавила фотографии во портокалов фустан со длабоки отвори, инспириран од празничната атмосфера. Тогаш напишала дека ова е нејзиниот омилен период од годината.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Покрената петиција за откажување на настапот на Јаков Јозиновиќ во Сплит по концертите во Ниш и Нови Сад

пред 11 час
darko-dimitrov ВИДЕО

(Видео) „Од осмо одделение имав фирма за компјутери“ – Дарко Димитров за почетоците пред музиката

пред 12 часа
media-librarydi38upvdqccleEeby1u

„Ќе ти се врати како бумеранг“: Карлеуша ја прозва Северина поради петицијата во Тузла

пред 12 часа
media-libraryfvf9jl4dvblq8IFGGWJ ВИДЕО

(Фото) „Филмската индустрија кај нас е издишана“ – Тони Михајловски за состојбата со домашната продукција

пред 15 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања