Медиасет.мк

#ТРЕНД

Криза на „Златните глобуси“: Том Круз ги врати статуетките


Том Круз ги предаде своите три златни глобуси во знак на протест поради недостаток на диверзитет во телото што ги доделува блескавите годишни холивудски награди.

Тој е последната sвезда што се приклучува на растечкиот хор на критики. „Ен-би-си“, која го емитуваше настанот од 1996 година, соопшти дека нема да врши пренос на церемонијата следната година.

Телевизиската мрежа инсистира на значајна реформа од организаторите, Здружението на странски новинари во Холивуд.

Овие награди за филм и телевизија, според профилот, се на второ место по „Оскарите“.

Time’s Up, водечки заговорник за реформи во забавната индустрија, потегот на „Ен-би-си“ го опиша како „решавачки момент за Холивуд“.

Текстот Криза на „Златните глобуси“: Том Круз ги врати статуетките е превземен од МАКФАКС.

Трендинг

На почеток
error: