#ТРЕНД

Курт Расел сака да се пензионира

Објавено на

Во својата легендарна, речиси 60-годишна актерска кариера, Курт Расел ги глумеше 12-годишниот Мајк во „Се случи во светот на реалноста“ со Елвис Присли, понатаму – „змијата“ Снејк Плискен („Бегство од Њујорк“ и „Бегство од Лос Анџелес“), Мекреди („Нештото“ / The Thing), Вајат Ерп, Брукс, Семоќниот Јас („Чувари на галаксијата 2“)… Сепак, се чини дека неговата улога на Дедо Мраз во филмот „Божиќни хроники 2“ (The Christmas Chronicles 2) на Нетфликс може да му биде и последна.

Тоа, барем според Крис Коламбас, славниот режисер на „Сам дома“ и „Хари Потер“, кој беше одушевен со Расел и неговата изведба во првиот дел од семејната божиќна драма од 2018 година. Тој седна на режисерското столче и заради продолжението, чија премиера се случи вчера.

– Кога ова момче (Расел, 69) го глуми Дедо Мраз, тоа, главно не „се сфаќа сериозно“. Кога го толкува Дедо Мраз, тој пишува 170 страници од приказната и митологијата на овој човек. Тоа е обврска на актерот. Тој е посветен на оваа улога на начин на кој вие би очекувале (Роберт) Де Ниро да му биде посветен на Џејк ЛаМота („Разјарениот бик“), изјави Коламбас за „Јаху ентертејнмент“.

Според режисерот, токму тоа ја докажува големината на Расел како актер.

– Во една прилика ми рече: Сакам да појдам кон залезот, ова е последната улога што ја толкувам. Тој сака да продолжи да го прави ова… Длабоко во неговата душа, тој е посветен на оваа улога. Тоа значи дека осум недели растење на брадата со малку додатоци, работејќи со сценариото секоја вечер пред да снима со мене. Тоа е силна посветеност. И тој го сфаќа тоа многу сериозно, вели режисерот.

Во новиот филм глуми и Голди Хон – долгогодишна животна сопатничка на Расел и негова проверена партнерка во повеќе други филмови.

Трендинг

Exit mobile version