#ТРЕНД
Лепа Брена повторно ќе глуми во филм
Фолк-ѕвездата Лепа Брена пак ќе глуми во филм. Овој пат тоа е филмот „Син сафир“, инспириран од песната на Бајага, а во кој главните улоги ќе ги имаат Андрија Милошевиќ и Милош Биковиќ. Ова ќе биде прва улога на Брена во филм по 30 години, откако последен пат глумеше во „Ајде да се сакаме 3“ во 1990 година.
Во комедијата Андрија ќе го глуми пејачот Сафир, Биковиќ ќе биде неговиот менаџер Бојан, а Брена ќе се глуми самата себе. Во филмот има напишано помала улога и за Бајага, но тој до сега не ја прифатил.
„Андрија глуми фолк-пејач, кого менаџерот и Брена му помагаат да ја заживее неуспешната музичка кариера! Не можам да откријам детали за сценариото, но една од последните сцени во филмот ќе биде неговиот голем кам-бек концерт во полна белградска арена, каде ќе пее со Брена“, рекол за „Информер“ извор близок до продукцијата на филмот.
Тој раскажал и дека Андрија и Брена се одлични пријатели и во приватниот живот.
„Освен што се пријатели со години, Андрија и Брена неколку пати соработувале. Во 2018 година, тој беше нејзин гостин на концерт во белградска Арена. Тогаш на бина го глумеше Боба Живојиновиќ заедно со Анџелка Прпиќ, која ја играше Брена. Многумина не знаат дека една година подоцна, Брена го позајми својот глас на мајка Милева во филмот на Андрија, ‘Такси блуз’“, рекол истиот извор.