По примерот на светските ѕвезди и водителката Лила Филиповска го лансираше својот прв парфем со нејзин потпис.
„Ништо не е поважно од парфемот. Тоа е автограм на една жена. Јас ви го претставувам мојот “LOVE by L“ мешавина од миризливи етерични масла и природни ароматични соединенија преточени во уникатно кристално украсно шишенце. Овој парфем не содржи алкохол, компактен е и својата магична арома ја задржува многу подолго од обичниот парфем чија цитрусна нота во комбинација со бел цвет ќе ве издвои од толпата. Еден од најубавите комплименти е “Добро мирисаш” кој гарантирано ќе биде многу чест со користење на овој парфем“, напиша водителката на Инстаграм.
Парфемот може да го нарачате во порака на нејзиниот профил на Инстаграм.
Погледнете како изгледа нејзиниот парфем:,
https://www.instagram.com/p/B_8NiTGJWZV/?utm_source=ig_embed