Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Лина Ѓорческа освои прво место во Романија

Медиасет.мк
пред 1 година
Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија, со награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната претставничка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3; 6:4), по два часа и 15 минути игра.

Финалниот меч започна подобро за Романката, која со два брејка го освои првиот сет (6:3). Во вториот сет Бертеа поведе со 3:1, но тука започна големиот пресврт на Ѓорческа – со пет последователни гема ја доби делницата со 6:3 и изедначи на 1-1.

Во решавачкиот сет Лина водеше со 4:2, но противничката израмни на 4:4. Сепак, Ѓорческа покажа цврстина во клучните моменти и со два добиени гема ја осигура конечната победа (6:4).

Ова е 15. титула во поединечна конкуренција за Ѓорческа, која досега има одиграно 39 финалиња. Покрај тоа, во својата кариера таа има освоено и 47 титули во конкуренција на двојки.

Со трофејот од Слобозија, Ѓорческа добива 50 ВТА поени и ќе напредува на светската ранг-листа.

Македонската тенисерка следната недела ќе настапи на турнир во Букурешт, каде ќе се обиде да продолжи со одличната форма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym0f1f44ig7p54z8y5am

Ален Рустемовски доби статус „Спортист од светска категорија“ по европската бронза

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања